еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема нови тестирани на корона вирусот, на Деве Баир доаѓаат туристи од Јапонија и Сингапур кои ќе бидат прегледани од епидемиолози

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека изминатото деноноќие немало тестирани на корона вирусот.

Филипче додаде дека добил информација од туристичка агенција дека група од 20 туристи од Сингапур и Јапонија, пристигнуваат на Деве Баир преку Бугарија, а доаѓаат од Романија.

„Тие ќе бидат детално интервјуирани и прегледани, бидејќи во Романија има регистрирано заболен,“ рече Филипче.

Тој додаде дека странците од вчера попладне добиваат СМС порака, во која стои дека ако почувствуваат симптоми слични на грип да се јават на теледонскиот број на Институтот за јавно здравје,како и информации кои се добиваат на флаерите на граничните премини.

Преку конзулатот министерството е со почести контакти со нашите граѓани во Северна Италија, во случај да планираат да доаѓаат.

Во Европа број на заразени расте и тој се зголеми на над 5.000, а во Србија има прв регистриран случај. Од регионот, корона вирусот го нема во Албанија, Косово и Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов биланс: Од коронавирусот во светот починаа 3.304, заразени се 96.274, а излекувани 53.900 лица

Драстичен раст на заразени со коронавирусот во Грција, бројот се искачи на 31

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зелена револуција“ ја услови средбата со премиерот Заев со реализација на седум итни барања

Редакција

Како изгледа бројот на заболени со коронавирусот по градови

Редакција

Што пишува во биографијата на новите вицегувернерки на Народната банка?

Редакција