еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Рускиот филм „Една вера, еден народ“ во кој се посочува дека Кирил и Методиј немаат врска со Бугарија е провокација, велат од бугарско МНР

Министерството за надворешни работи на Бугарија го оцени како провокација рускиот документарен филм „Една вера, еден јазик“ на режисерката Елена Мироненко.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, причина за реакцијата против рускиот документарен филм „Една вера, еден јазик“ се, како што се посочува, наводите дека светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици немаат никаква врска со Бугарија.

Според бугарското Министерство, филмот не е научно издржан и неточно се претставени историските периоди во него.

Поради погрешно поставените или намерно изоставените фундаментални факти во филмот, бугарското Министерство за надворешни работи потсетува дека во рамките на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, Република Бугарија и Република Северна Македонија постигнаа договор за историски личности и настани од нашата заедничка историја, меѓу кои и Свети Кирил и Свети Методиј, Свети Климент, Свети Наум и други, одобрени од владите на двете земји.

На крајот од овој став, бугарското МНР изразува надеж дека таквите провокации не вклучуваат директни или индиректни трети страни, и нема за цел да создаваат поделби и дека во иднина нема да бидеме сведоци на такви случаи, кои се спротивни на општоприфатените во светската историографија.

МИА/Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Андреа Коевска со песната „Circles” ќе ја преставува Македонија на Евровизија во Италија

Редакција

Министерството за финансии вработува 17 државни службеници, плата до 32.868 денари

Редакција

Детален преглед: Чаир рекордер по бројот на активни случаи на корона вирусот меѓу скопските општини

Редакција