еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Денко Космонаутко“ за кој децата на кој им земал брисеви за Ковид-19 мислеле дека доаѓа од планетата Зис, испратил 900 новогодишни честитки

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје кој по домовите зема брисеви на болни или сомнителни на Ковид-19, информираше дека ја завршил акцијата делење новогодишни честитки.

„Она што можам да го кажам е дека ова што се случуваше овие 2-3 недели е нешто што не се објаснува, тоа само се доживува. Сите оние радости, насмевки, изненадувања…..

Во 20на дена дали скафандерски, дали преку пошта, поделени и испратени се неверојатни 900 честитки. Да, да, знам како звучи ама вистина е.

Мојата идеја со огромна радост и воодушевеност ја прифатија Прва детска амбасада Меѓаши
кои само рекоа дојди и земи, без ограничување.

Нивната хуманост, добрина, разбирање сите ги знаеме, а јас особено и претходните две нови години кога исто вака на необичните новогодишни забави им делевме на децата нивни честитки.

Но оваа година ова што го направивме заедно мислам дека се нема нигде случено, не само на нашава туку и на планетата Зис, онаа од каде што некои од дечињата на кои им земав брисеви мислеа дека доаѓам. Секоја чест Меѓаши, мене ми е огромна чест што познавам луѓе како вас.
Ве гушка и сака Денко Космонаутко“.

Работата на овој медицински техничар беше забележана и од министерот за здравство Венко Филипче, кој имаше средба со Космонаутко пред Нова година.

„Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски или попознат по прекарот Космонаутко изминативе 10 месеци неуморно се вложи себе си во справувањето со пандемијата од Ковид-19. Со неговите колеги поминал во многу куќи, станови, населби земајќи брисеви за коронавирусот.

Се соочил со многу емотивни моменти, насмевки и солзи кај луѓето. Но, за момент Денис им го менувал расположението. Со неговиот позитивен дух станал омилен кај дечињата и родителите токму поради грижливиот и искрен пристап.

Му се заблагодарувам за професионалноста и за добрината. За тоа што стравот кај граѓаните го претвораше во надеж и во спокој дека и оваа кризна ситуација ќе помине. Нашите херои сте токму вие – здравствените работници,“ напиша Филипче на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Медицински техничар кој зема брисеви за Ковид-19, доби многу новогодишни честитки од неговите пациенти

Фото: Фејсбук/Јанкуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија починале 5 лица кои повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

Убиствата на жените се производ на молкот на општеството и недовербата во институциите, велат од Хелсиншки комитет

Редакција

Вработен на Инфективна позитивен на конго-кримска хеморагична треска и е хоспитализиран

Редакција