еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 438 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 438 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 60 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 55, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 28 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 44 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 12, Кавадарци 22, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 798 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мизрахи не е повеќе министерка, пратениците ја разрешија пред зори

Редакција

Од ноќеска на полноќ не смее да се објавуваат анкети за изборите

Редакција

(Видео) Игор Џамбазов и Весна Бејби во нивни стил им одговорија на Бугарите за негирањето на македонскиот јазик

Редакција