еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Град Скопје го затвори повикот: Се исцрпија сите средства за субвенции за велосипеди

Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди и исполнување на предвидените средства, Градот Скопје известува дека овој јавен повик е затворен.

„Јавниот повик беше објавен на 19 април 2021 година и аплицирањето се одвиваше онлајн, на линк објавен од Град Скопје. Од објавувањето на јавниот повик досега аплицирале 3.057 граѓани и со тоа, предвидените финансиски средства се исцрпени.

Граѓаните покажаа голема заинтересираност за овој проект, а со тоа и висока свест за заштитата на животната средина. Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди се предвидени 8,5 милиони денари. Во изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед,“ се вели во соопштението.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Шар Планина и Осоговски планини – две нови заштитени подрачја во Македонија

Редакција

(Фото) Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС испратени на уништување во Франција

Редакција

(Видео) Притисокот кон Заев за Лагадин се зголемува: Мала е границата од херој до злосторник

Редакција