Производителот на вакцини против коронавирус „Бионтек“ денеска соопшти дека ќе гради фабрика во Сингапур што може да произведува стотици милиони дози на вакцини годишно во Југоисточна Азија, заснована на нејзината mRNA технологија.
Изградбата на производствениот погон и регионалното седиште во Сингапур ќе започне оваа година, а објектот може да започне со работа до 2023 година, се вели во соопштението на германската компанија.
МИА/Фото: Photo by Spencer Davis on Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.