еМагазин
Image default
Македонија

Бугарскиот европратеник Џамбаски до Заев: Не ја разбирам вашата арогантност и дрскост да поставувате ултиматуми пред Унијата

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски се огласи на неговиот Фејсбук-профил по повод средбата на премиерот Зоран Заев со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која што премиерот нагласи дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажман на Брисел.

„Не ја разбирам вашата арогантност и дрскост да поставувате ултиматуми пред Унијата којашто вашиот народ ја гледа како единствен влог за подобра иднина.

Додека вашите соседи од Албанија ги исполнуваат и почитуваат упатствата, Вие не запирате да ѝ кажувате на ЕУ што треба, а што не треба да ви постави како услов. А масата на преговори, на која кажувате што не треба да има, е тажно празна. Ѝ го кажавте ли тоа на г-ѓа Фон дер Лајен? Ѝ кажавте ли дека досега не сме преговарале ниту за една точка, толку месеци по нашето таканаречено „вето“?

Заев, може да звучите цврсто пред Фон дер Лајен, говорејќи за поврзаноста на Вашиот „идентитет“ со факти и наука, но двајцата добро знаеме колку смешно звучи тоа. И колку е неточно. Знаете ли драги, дека и во Бугарија го сметаме нашиот „идентитет“ за гордост.

И токму затоа, ако некој поска да зборува за него, ако некој го оспори, ќе се исправат со истата гордост и ќе го убедам во неговата неприкосновеност. Нешто, со кое Вие изгледа не можете да се справите“, напиша Џамбаски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За македонскиот јазик и идентитет не може да се разговора, порача Заев на средбата со Фон дер Лајен

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен ја потврди нејзината поддршка за почеток на преговори со Македонија

Фото: Фејсбук/Џамбаски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во велешката болница уште еден починат од Ковид-19

Редакција

Од Ковид-19 починале 17 лица, дополнително пријавени уште шест

Редакција

Ковачевски во Солун на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа

Редакција