еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале 17 лица, дополнително пријавени уште шест

Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 17 починати лица од Ковид-19: 4 починати лица од Куманово (62г, 64г, 78г и 93г), 3 починати лица од Прилеп (73г,76г и 79г), по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г), Велес (76г и 80г) и Кавадарци (57г и 71г), и по едно починато лице од Битола (78г), Делчево (41г), Крива Паланка (79г) и Ресен (71г).

Од пријавените лица шеснаесет се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 6 починати лица со датум на смрт од 28.10.2021 до 05.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Велес (1) и Прилеп (1).

Починатите лица се на возраст од 43-97г, од кои 4 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 493 случаи на Ковид-19 од 2.911 тестирања, бројката на активни е 8.391

Убава вест: Оздравени 532 болни од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски вели дека ги „исправал“ лагите на власта пред Ескобар

Редакција

26,1% од новозаразените со Ковид-19 се со претходни заболувања

Редакција

Парното поскапува за 14,18%

Редакција