еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски вели дека ги „исправал“ лагите на власта пред Ескобар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оцени средбата со американскиот заменик-помошник државен секретар, Габриел Ескобар како конструктивна и пријателска помеѓу стратешки партнери и рече дека значајна е соработката со сите наши стратешки партнери, со меѓународната заедница, но најголем приоритет има квалитетот на животот на нашите сограѓани.

– Оваа Влада и покрај тоа што има кредибилитет нула, ги злоупотребува претставниците на меѓународната заедница, чиј што дел се и САД, со лажни информации, и дел од тие лажни информации моравме да ги дебрифираме за време на состанокот на средбата со господинот Ескобар и амбасадорот Ангела Агелер и ценам дека лично на господинот Ескобар позициите на ВМРО-ДПМНЕ му се појасни.

Ние сме исто така како и тие загрижени за актуелната состојба на Македонија иако нашата загриженост е поголема затоа што сепак ние живееме во оваа држава, рече Мицкоски, на новинарско прашање при посетата на Гевгелија.

Повтори дека иако се ближат редовните избори, тој бара што поскоро да има предвремени избори, бидејќи, како што рече, единствената политика што ја има сегашната Влада, е прифаќање на бугарски диктат.

– Немаат две третини, немаат 80 пратеника и не постои ниту една друга сврзна точка којашто на нив би им била оправдување да останат ден повеќе таму каде што се. Оваа Влада, без народен легитимитет и политички кредибилитет еднаков на нула, не може да испорача реформи, не може Македонија да ја придвижи на патот кон Европа, додаде Мицкоски.

На прашањето зошто смета дека Владата нема легитимитет рече дека тоа е така затоа што единствената политика што Владата ја форсирала минатиот период, како што рече, „се уставни измени под бугарски диктат и дека се удриле во ѕид“.

Мицкоски тврди дека сегашната власт откако виделе дека нема да имаат 80 пратеника сега веќе не закажуваат продолжение кршејќи го Деловникот на работа на Собранието и рече дека тоа само по себе претставува кривично дело.

– Не постои ниту една друга политика којашто би била сврзна точка и оправдување оваа Влада да остане ден повеќе. Да ја спасиме и Македонија и граѓаните неколку месеци, затоа повикуваме на предвремени парламентарни избори што ќе се случат оваа есен, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЕПСО вработува 23 лица, плата до 42.456 денари

Редакција

Димитров: Колку подолго ќе трае пристапниот процес, толку повеќе време за етничкиот инжинеринг како нескриена амбиција на официјална Софија

Редакција

Петков по средбата со Ковачевски: Не се обврзавме на никакви рокови

Редакција