еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

За македонскиот јазик и идентитет не може да се разговора, порача Заев на средбата со Фон дер Лајен

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел, а Северна Македонија единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина, нагласил премиерот Зоран Заев на денешната средба со претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, соопшти владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен ја потврди нејзината поддршка за почеток на преговори со Македонија

Заев се сретна во Брисел со Вархеји: Идентитетот не може да биде причина за блокада на евроинтеграцијата на Македонија

– Македонскиот идентитет освен што е прашање на гордост, тоа е и прашање на факти, наука, традиција и национално обележје на нашиот народ. Тој не е и нема да биде предмет на преговори.

Европските вредности се водилка за нас, но заштита на идентитетот исто така е европска вредност, порачал Заев.

Заев додал дека Северна Македонија ги спроведе сите реформи, дека нивната имплементација е предмет на неколку процеси за примена на европските стандарди дома и дека се исполнети сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот за членство.

На средбата, на која присуствувале и заменик-претседателот во Владата за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Заев упатил порака до претседателката Фон дер Лајен уште поактивно вклучување на ЕК во изнаоѓање решение за деблокада на процесот за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.

Урсула фон дер Лајен потврдила дека ЕК ќе се вклучи уште повеќе со суштински и посветен ангажман бидејќи, како што рече, ова е многу важен процес кој не смее да го одложи стартот на преговорите со Северна Македонија за членство во ЕУ, и дека таа се залага за двете земји, Северна Македонија и Албанија, заедно да ги продолжат преговорите без натамошно одлагање.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две години и три месеци затвор за 21-годишниот Зеќири, кој усмрти десетгодишно дете на „Пластичарска“

Редакција

Смртноста од Ковид-19 за една недела намалена за 45,8%

Редакција

Доктор Кунгуловски: Непрележаните и невакцинираните ќе продолжат да ги полнат болниците, се додека не стекнат некаков имун одговор

Редакција