еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Португалија прави се што може за да се отворат преговорите со ЕУ до крај на јуни

Португалското претседателство и натаму вложува напори да се изнајде решение помеѓу Скопје и Софија за да може пред крајот на јуни да се отворат преговорите со Северна Македонија, но и да не се одвои од Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова денеска за МИА го изјави државната секретарка за Европа на Португалија, Ана Паула Закариаш, која претседаваше со денешниот Совет за општи работи каде заседаваат министрите за европски прашање и тело кое ја носи одлуката за почетокот на преговорите со земјите кандидати.

-Португалското претседателство се обидува да турка за двете земји да започнат преговори во исто време и ќе продолжиме да го правиме тоа, ангажирани сме со сите релевантни власти за да видиме како претседателството може да ги поддржи преговорите и да ја свика првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија за време на нашето претседавање, изјави Закариаш на прес конференцијата по министерскиот состанок.

Државната секретарка нагласи исто така дека се водат разговори и со Скопје и со Софија за да се надмине блокадата на патот на Северна Македонија.

-Разговараме со релевантните македонски власти и исто така со бугарските власти и даваме се од себе за да видиме дали постои можност за преговори до јуни, додаде Ана Паула Закариаш.

Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, повтори дека ставот на неговата институција е дека Северна Македонија ги исполнила сите услови и е подготвена да го започне преговарачкиот процес.

-Нашата проценка не е сменета и ова беше јасно пренесено на средбата помеѓу претседателката Фон дер Лајен и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, рече Шефчович, додавајќи дека шефицата на Европската Комисија ги пофалила извонредните реформски напори на државата и изразила надеж дека ќе се тргне напред со С.Македонија.

Вториот човек на Европската Комисија истакна дека тие го имаат и поширокиот геополитички контекст на ум кога станува збор за Северна Македонија за која ЕУ е единствената стратешка опција, рече тој.

-ЕУ перспектива претрпе штета со пандемијата од Ковид, додаде Шефчович и изрази надеж дека после оваа прва тура вакцини донирани од ЕУ ќе пристигне уште една.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Тетово склучи договор со “Ереу транс“ вреден над 1 милион евра

Редакција

И Оскарот за најдобар актер во македонското Собрание оди во рацете на…

Редакција

ЕУ нема да воведе „ковид-пасоши“, идејата на Мицотакис не помина

Редакција