еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Индија: Во реката Ганг фрлаат тела на починати од Ковид-19, властите поставуваат мрежи да ги соберат

Десетици тела се пронајдени како плутаат во реката Ганг на истокот на Индија додека земјата се бори со катастрофалниот налет на пандемијата, пренесува српски Блиц.

Здравствените власти во понеделникот навечер извлекле 71 тело од реката во државите Утар Прадеш и Бихар, но изјавиле дека се уште не се познати причините за смртта.

Светските медиуми пишуваат дека индиските власти поставиле мрежи ширум реката за да ги соберат телата, додека официјалните лица од Бихар го обвинуваат Утар Прадеш за телата кои испливале на нивниот брег.

Граѓани изјавиле дека немаат доволно дрва за кремирање на телата, а поради тоа, се погребуваат во река.

Според денешните официјални податоци, бројот на починати од коронавирусот во Индија ја надмина границата од 250.000. Пандемијата продолжува да беснее во огромната земја со население од над 1,3 милијарди луѓе.

Според индиското Министерство за здравство, во последните 24 часа починале 4.205 лица, со што вкупниот број е 254.197. Бројот на заразени е зголемен за речиси 350.000, со што вкупниот број на позитивни случаи од почетокот на пандемијата во таа земја изнесува 23,3 милиони.

Многу експерти се сомневаат дека реалните бројки се многу поголеми.

Фотографи (вознемирувачки), ОВДЕ

Фото: Photo by Jenil Jain on Unsplash/Видео: Times now/Cobrapost/You tube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасен маж кој бил завеан од снегот во селото Радња на Кожув

Редакција

(Видео) Ковачевски се сретна со Зеленски: Македонија e на вистинската страна на историјата и продолжува со поддршката за Украина

Редакција

(ВИДЕО) Полицијата во Арачиново пронајде дел од украдената марихуана од Јосифово, осомничени шест лица

Редакција