еМагазин
Image default
Бизнис

Законот за дивоградби не важи за бесправно изградените објекти во Охридскиот регион, вели градоначалникот Георгиески

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески по повод вчера усвоениот Закон за легализирање дивоградби појасни дека станува збор за правен акт со кој се уредува правниот статус на бесправно изградени објекти, но истиот не важи за спорни објекти во рамки на Охридскиот регион.

Според Георгиески, Законот не ги опфаќа дивоградбите кои го нарушуваат природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство, како и дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради.

Георгиески на својот Фејсбук-профил најави дека Општина Охрид продолжува со активностите за отстранување на бесправните објекти од крајбрежјето на Охридското Езеро согласно препораките на УНЕСКО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со новиот закон за легализација на дивоградби ќе се спасат Латас, Стевчо Јакимовски, градителите кај Мавровка?

Членот за легализација на дивоградби во заштитени подрачја е внимателно одреден, тврди министерот Бочварски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за земјоделство вработува 41 државен службеник, плата до 25.042 денари

Редакција

Продаден блок акции од „Алкалоид“ за 35.000 евра

Редакција

Возовите повторно сообраќаат, прекинат бојкотот на машинскиот и извршниот персонал

Редакција