еМагазин
Image default
Македонија

На Интерни клиники немало прием на ковид-пациенти, а во центрите во Скопје примени шестмина

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 204 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните клиники немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 47 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 78 пациенти.

На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 244 пациенти од Ковид-19, од Скопје 110

Редакција

Пропорционално со бројот на новозаболени се зголемуваат и казните: 628 санкции за неносење заштитна маска

Редакција

Ковачевски денеска во Минхен за првпат ќе се сретне со Мицотакис

Редакција