еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Комисијата за заразни болести со препорака рестрикциите да останат исти

Комисијата за заразни болести на состанокот кој го одржа утринава, донесе предлог да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

Забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот.

Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Јас и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош

Редакција

12 лица починале од Ковид-19, дополнително пријавени уште осум

Редакција

Поглаварите на верските заедници апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат

Редакција