Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека 500.000 кинески вакцини „Синовак“ се очекуваат да пристигнат на почетокот на јуни, како и 100.000 „Фајзер“ преку Ковакс механизмот.
До крајот на мај ќе пристигнуваат и по 10.000 вакцини на „Фајзер“ секој понделник, кои се според директниот договор на државата со компанијата.
Руските вакцини „Спутник V“ се очекуваат да пристигнат до крајот на месецот, но се уште не е потврдено.
Филипче очекува темпото на вакцинација следната недела да се засили и да се зголеми бројот на вакцинирани граѓани.
Тој исто така информираше дека според бројот на пријавени, при крај е вакцинирањето на старосната група над 70 години, чиј што процент сега изнесува 43.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче не очекува дека протерувањето на рускиот дипломат ќе ја одложи испораката на руски вакцини
Фото: МЗ