еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Петличковски: По вакцинација можно е човек да се зарази, но гарантирано неговата болест нема да има сериозен тек

Со прележување на болест се создаваат повеќе различни видови на антитела. Најголем дел од вакцините предизвикуваат создавање на само еден тип на антитела, за кои е докажано дека се исклучително ефикасни во справување со вирусот. Еднаш создадени по вакцинирање или прележување на болест, антителата не се разликуваат, вели во разговор за „Локално“, директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“, д-р Александар Петличковски.

-Луѓето кои имаат прележано болест и добијат една доза на вакцина, постигнуваат дури и подобар имунитет од луѓето кои немаат прележано болест, а ќе се вакцинираат со две дози на вакцина.

По вакцинација, можно е човек да се зарази, но гарантирано е дека неговата болест нема да има сериозен тек, вели Петличковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

22 лица во Македонија починале, а 664 се заразиле со Ковид-19 и покрај тоа што примиле вакцина

Д-р Петличковски: Да се размислува за трета доза од друга вакцина за лицата кои со „Синофарм“ нема да развијат антитела

Фото: МИА/Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кои се хероите кои деноноќно работат и изработуваат тестови за корона вирусот

Редакција

Доктор Пановски: Тие што се вакцинирале со кинеските вакцини, како трета доза веројатно треба да ја примат вакцината на „Фајзер“

Редакција

(ВИДЕО) Д-р Катерина Ставриќ објаснува како штитат вакцините против Ковид-19

Редакција