еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Нова ера во Хрватска: Томашевиќ, кандидатот на зелено – левата коалиција „Можеме“ нов градоначалник на Загреб

Томислав Томашевиќ (39), активист и борец за јавниот интерес, кандидат на зелено – левата коалиција „Можеме“ е новиот градоначалник на Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.

Во вториот круг на локалните избори во Хрватска, што се одржа вчера, тој освои речиси двојно повеќе гласови од противкандидатот од десното “Татковинско движење“, музичарот Мирослав Шкоро.

Она што е многу интересно е дека кандидатите на двете најголеми партии во Хрватска, ХДЗ и СДП, не ни влегоа во вториот круг.

Томашевиќ има дипломирано политикологија на Факултетот за политички науки во Загреб, а магистрирал на Кембриџ на тема животната средина, општество и развој.

Тој беше кандидат и во 2017 година.

Фото: Фејсбук/Томашевиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адора Инженеринг повторно ја зголеми сопственоста во Комерцијална банка

Редакција

Алармантно е влошено здравјето на Боки 13, предупредува неговиот правен тим

Редакција

Поради неподнослива атмосфера во судницата, прекинато рочиштето за несреќата кај Ласкарци

Редакција