еМагазин
Image default
Македонија

Вкупно ревакцинирани 81.273 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 431.770 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со сабота 29.05.2021, вакцинирани се вкупно 234.508 граѓани.

Прва доза вакцина во саботата примиле 597 граѓани, а вкупно се вакцинирале 10.792 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 315.781 дози вакцини, а ревакцинирани се 81.273 граѓани.

Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура, лица со ретки болести и хронично болни.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во македонските болници

Редакција

Заев предлага разрешување на двајца министри без ресор

Редакција

(Видео) Премиерот Заев „провери“ да не има утка со германското знаме

Редакција