еМагазин
Image default
Македонија

Ја водел 33-годишен велешанец: Детали од Обвинителството за криминалната група која криумчарела мигранти

По спроведена полициска операција под раководство на јавен обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ЈО), Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделот за специјални и посебни операции на СВР Скопје и СВР Струмица, сузбиена е организирана криминална група која криумчарела мигранти.

Како што информираат од ЈО криминалната група функционирала под строга хиерархиска поставеност ја предводел триесет и три годишен велешанец.

-Велешанецот заедно со две лица кои потекнуваат од земјите од Блискиот Исток организирале криминална група во нашата држава и организирале криумчарење на мигранти.

Мигрантите по потекло од Авганистан, Пакистан, Сирија, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот Исток илегално биле префрлани од Р.Грција на територијата на Р.С.Македонија.

При криумчарењето користеле илегални премини на т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија, Струмица и Демир Капија, а оттаму со помош на водичи т.н. „качаци“, координирано жртвите ги носеле на претходно утврдени и договорени локации.

Организаторот и членовите на криминалната група го договарале преземање на мигрантите од овие локации и со патнички и товарни моторни возила ги превезувале до локации во Кумановско-липковскиот регион каде мигрантите биле прифаќани и времено сместувани и засолнувани.

Понатаму мигрантите биле криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ, стои во соопштението.

Се додава дека паричните средства за транспорт на мигрантите од 500 до 700 евра по лице, биле исплаќани преку агенти за брз трансфер на пари или во готовина.

Во текот на денешниот ден биле извршени претреси во објекти на 11 локации на подрачјето на Велес, Скопје, Штип, Струмица и Валандово при што од слобода биле лишени шест лица.

-Се преземаат мерки за приведување на уште три лица. Четири члена на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор, за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“.

Надлежниот обвинител од Осноното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по добивањето на кривичната пријава, во текот на денешниот ден, согласно своите надлежности до судијата на претходна постапка​ при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерка притвор за осомничените, информираат од ЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени шест лица: Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Боки 13 донесен во Обвинителството на распит за „Рекет“

Редакција

Убава вест: Оздравени 45 пациенти од Ковид-19

Редакција

Меркел ќе ја заложела „сета своја политичка тежина“ за преговори со Северна Македонија

Редакција