еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарски весник тврди дека сопругата на премиерот е Бугарка, Ковачевски не сака да го коментира нејзиното потекло

Бугарскиот весник „Труд“ објави дека сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, Елена била Бугарка, повикувајќи се на документ кој до редакцијата стигнал по мејл.

Како што пишува весникот, по консултациите со лица кои детално го познаваат процесот на стекнување бугарско државјанство, се покажало дека документот ги содржи сите потребни атрибути за да биде вистинит. Според неговата содржина, таткото и дедото на Елена Ковачевска – Митко Станојковски и Станојко Станојковски се Бугари родени во општина Босилеград, пишува „Труд“.

Прашан за ова, премиерот денеска рече дека не знае зошто е од интерес потеклото на роднините на неговата сопруга.

-Таткото на мојата сопруга е роден во Куманово, дедото на мојата сопруга е роден во Крива Паланка. Мојата сопруга е родена во Крива Паланка, јас сум роден во Куманово, нашите деца се родени во Скопје. Сите поседуваме лични документи од Северна Македонија.

Нема да ги коментирам предците на мојата сопруга, изјави Ковачевски.

Фото: Влада/Труд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од ОМО Илинден му вратија на Радев: Бугарскиот претседател повторно лаже за Македонците во Бугарија

Редакција

365 казни за неносење маска

Редакција

Сергеј Самсоненко и „Руле турс“ ја предлагаат Гордана Темелковска Костовска за член на НО на Стопанска банка Битола

Редакција