еМагазин
Image default
Македонија

Објавен нов тендер за терминали за отпечатоци од прсти за локалните избори

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски денеска изјави дека нема да има одлагање на локалните избори, по поништувањето на првиот тендер за набавка на терминали за отчитување на биометриски податоци на граѓаните.

Повторениот тендер е објавен вчера, информираше тој во изјава за медиумите пред почетокот на седницата на ДИК.

-Објавен е вчера, тендерот ќе заврши до крајот на овој месец и нема да има никакво одлагање (на локалните избори), бидејќи рокот е флексибилен – втората половина на октомври. Ние ќе го известиме претседателот на Собранието кога ќе бидеме подготвени, изјави претседателот на Државната изборна комисија.

Првиот тендер е поништен од страна на Бирото за јавни набавки.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ не е против внесувањето на Бугарите во Уставот, вели Мицевски

Редакција

Има нов кластер: 5 новозаболени од Ковид-19 во Куманово, едно лице во Липково

Редакција

52% од населението над 70 години имаат примено барем една доза на вакцина

Редакција