еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Познатиот јутјубер Стефонатор со солзи радосници: „Го победив туморот, се чувствувам како да ми започнува втор живот“

По втората операција на туморот, како и снимањето на ПЕТ скен, познатиот јутјубер Стефонатор објави убава вест, дека е излечен од болеста со која се бореше изминатиот период.

„Кончено заврши овој хорор и во моментов се чувствувам како да ми почнува втор живот. Сакам да дадам поддршка на сите кои во моментов поминуваат низ ова.

Најдобар совет што можам да го дадам е да работите многу на вашата психа и да гледате да останете што повеќе психички здрави. Да се опкружите само со позитивни луѓе и да не гледате толку лошо во ова лошо,“ вели Стефонатор во видеото.

Тој вели дека поминало скоро цела година како трае процесот низ кој поминал, една операција, хемотерапија, втора операција.

„1.000 снимања, боцкања. Оваа една година ми изгледа како 10 и затоа не можам да сфатам дека сето ова е завршено. Сега е време да славиме, да се фокусираме на сите убави работи и да продолжиме понатаму,“ додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Познатиот јутјубер Стефанатор ја бие најважната животна битка, проговори за борбата со ракот на тестиси

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Сиљановска Давкова лично и честита на Шекеринска

Редакција

Каков имот пријавила пратеничката Сања Лукаревска

Редакција

Министерство за образование и наука склучи договор со Хилдин комерц вреден 1,7 милион евра

Редакција