еМагазин
Image default
Балкан

И за патување со брод низ Грција, ќе Ви треба формулар, две дози вакцина или тест

За грчките државјани и за туристите кои планираат да патуваат на некој од островите во Грција, задолжително е, 24 часа пред тргнувањето да имаат пополнето специјална здравствена изјава, односно фолмулар што се однесува на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

За патување со брод, исто така, задолжителен е или сертификат за вакцинација или негативен резултат од направен тест, кој може да биде или ПЦР или селф или рапид тест, податоци кои се внесуваат во формуларот.

Конкретниот формулар е задолжителен за сите полнолетни лица, достапен е во електронска верзија преку специјаниот сајт sea.travel.gov.gr, а при влезот во траектот патниците треба да го имаат специјалниот код што ќе го добијат на мејл по пополнувањет на прашалникот.

Потврдата може да биде или во електронска или во печатена верзија.

Освен личните податоци и податоците за бродот, датумот на патување и крајната дестинација, патнците потребно е да одговорат десет прашања поврзани со Ковид-19.

Како што пренесува МИА, првите седум прашања се однесуваат на тоа дали патникот во изминатите 14 дена имал некој од симптомите поврзани со коронавирусот, дали имал контакт со заразено лице, дали се грижел или бил во ист простор или патувал со лице позитивно на Ковид-19, итн.

Последните три прашања се поврзани со потврдата за здраствената состојба, односно дали е направен некој од трите тестови што се на располагање (ПЦР, селф или рапид тест) или пак лицето има сертификат за вакцинација.

Без здравствената изјава не дозволено патникот да се качи на брод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Негативниот ПЦР тест за влез во Грција, наместо од 5-годишна возраст, задолжителен за сите со наполнети 6 години: Ова се најновите правила

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачен пар во Грција победи на суд: Ќе добива по 300 евра кога децата на комшиите ќе прават галама

Редакција

За обнова на разурнатите градови во Хрватска досега собрани 1,5 милијарда евра

Редакција

Каменос нема да даде подршка ни на владата на Ципрас, ни за протоколот за влез на Македонија во НАТО

Редакција