еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ за „црната листа“ на Бајден: Ние ја почитуваме и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за најавените санкции од страна на САД за непочитувачите на Преспанскиот и Охридскиот договор, велат дека тие ќе ја почитуваат волјата на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Замрзнување на имот и забрана за влез во САД на тие што работат против Преспанскиот договор, нареди Бајден

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Тимчо Муцунски денеска изјави дека секоја суверена држава има право да ја заштити својата национална безбедност и демократија на начин на кој смета дека е потребно и дека членството во НАТО, заштитата на националниот идентитет и членството во ЕУ се стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние ја почитуваме и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните“, рече Муцунски, потсетувајќи на референдумот од 2018 година.

“ВМРО-ДПМНЕ ја признава волјата на граѓаните, токму тоа што народот го има кажано и ние ќе дејствуваме во насока на тоа што е стратегиски интерес на македонските граѓани, односно согласно народната волја искажана на референдумот од 2018 година“, изјави Муцунски.

Пратеникот Антонио Милошоски, кој е и претседател на собраниската Комисија за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека во изминатиов период Македонија имала искуство со вакви санкции, но дека личностите кои биле на црната листа на САД сега се коалициски партнери на премиерот Зоран Заев.

„Кога веќе се предвидени санкции за корупција би било добро САД да се позанимаваат со фамилијата на власт во земјава“, изјави Милошоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Заев наредбата на Бајден за санкции за непочитувачите на Преспанскиот и Охридскиот договор е сериозна порака на охрабрување и мотивација

Апасиев се самопријави за „црната листа“ на американскиот претседател Бајден

Алијанса за Албанците: Указот на претседателот Бајден ја погодува корупцијата, Владата да не манипулира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

459 нови случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Штип и Тетово

Редакција

Албанскиот претседател Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина од негова страна

Редакција

Tатко и две деца од Македонија безбедно ја напуштија Газа, упатени се кон Каиро

Редакција