еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Албанскиот Парламент го разреши претседателот Илир Мета

Со 104 гласа „за“ седум против и три воздржани албанскиот Парламент попладнево го разреши шефот на државата Илир Мета, што е прв случај во трите деценискот плурализам во земјата.

Во собраниската сала присуствуваа 114 пратеници и сите го остварија правото на глас. Претходно пратениците со еднаков број гласови го изгласаа извештајот на анкената комисија за прекршувањата на уставните надлежности од страна на Мета.

Гласањето беше тајно и по двете прашања соопштувањето на резултатите пратениците го поздравија со аплауз.

Парламентот има 140 пратеници, но по откажувањето од пратеничките манадати на пратениците од опозициските Демократска партија и Движењето за социјалистичка интеграција, пополнети се 122 пратенички места.

Во обемниот извештај од стотина страници, во кој се внесени транскрипти од сите јавни изјави на Мета, неговите објави на социјалните мрежи, пред и за време на изборната кампања, анкетната комисија дошла до заклучок дека претседателот сериозно прекршил 17 члена од Уставот.

Одлуката на законодавнот дом сега оди во Уставниот суд кој треба да се изјасни во рок од три месеци.

Мандатот на Мета завршува на 24 јули 2022 година, до кога, како што во контнуитет вели тој, ќе остане да го брани Уставот.

МИА/Фото: Мета/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Бугарија од тинејџер убиен 49-годишен македонски државјанин

Редакција

Акции со најголем раст и пад во февруари

Редакција

Лидерот на Беса, Касами вели дека не е изненаден од одлуката на сопартиецот Реџепи

Редакција