еМагазин
Image default
Македонија

Апасиев се самопријави за „црната листа“ на американскиот претседател Бајден

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се самопријави за „црната листа“ на американскиот претседател Џо Бајден.

“Здраво Кале. Ај да се самопријавам со време, да не имате листа на чекање“, напиша тој на Фејсбук.

За најавата за санкции од страна на Бајден за сите кои што ќе работат против Преспанскиот и Охридскиот договор, се огласија и партијата на Апасиев.

“Извршната наредба на Бајден за санкции на сите субјекти кои се против Охридски и Преспански договор е дел од империјалистичката надворешна политика на САД, која оперира со притисок, санкции, закани и воени интервенции – насилничка политика.

Но, она што е важно за нас да се потцрта, конкретно за интересите на Македонија, е тоа што уште еднаш се покажува дека во борбата за враќање на националната сувереност и достоинство товарот ќе падне на грбот на обичните граѓани т.е. на класата која не располага со капитал со кој може да биде уценувана на ваков начин, бидејќи нив нема што да им земат.

Всушност, ваквите договори како Рамковниот, Преспанскиот и Бугарскиот предизвикуваат регионална нестабилност, а не обратно. Искуството низ годините покажа дека Охридскиот договор е само алатка на задоволување на теснопартиските интереси на ДУИ, кој 20 години е на власт на Македонија.

Доследни на левичарската традиција, партијата Левица ќе продолжи да се спротиставува на сите штетни политики и договори кои се против националните интереси, воспоставени уште од АСНОМ.

Од друга страна, додека македонската опозиција е заглавена во западен фундаментализам, не очекуваме автентичен отпор против ваквите договори“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ за „црната листа“ на Бајден: Ние ја почитуваме и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните

Алијанса за Албанците: Указот на претседателот Бајден ја погодува корупцијата, Владата да не манипулира

За Заев наредбата на Бајден за санкции за непочитувачите на Преспанскиот и Охридскиот договор е сериозна порака на охрабрување и мотивација

Замрзнување на имот и забрана за влез во САД на тие што работат против Преспанскиот договор, нареди Бајден

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ прифаќа Чулев да биде технички министер за внатрешни работи

Редакција

ЗНМ: Остра осуда за заканите кон новинарката на ТВ21

Редакција

Досега никој од цивилите од Авганистан кои доаѓаат во Македонија не побарал политички азил

Редакција