еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Беќаровски: Не е само да се излечи коронавирусот, последиците кои ги остава се катастрофални

Професор д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија за емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 вели дека не е само да се излечи коронавирусот. Последиците кои ги остава се катастрофални.

“Во моментов во државата доминира стомачен вирус, клиниките се преплавени со таа патологија. Ситуацијата со ковидот е смирена, но тој не е комплетно загубен“, вели тој и дополнува:

“Кај пост-ковид синдромот нема орган којшто не е зафатен и врз кој нема краткотрајни или долготрајни последици.

Секако, најголем процент од зафатеноста е врз белите дробови. Вирусот проаѓа, но тоа ткиво не може да се врати комплетно во нормалата и кај голем процент од пациентите нема да се врати потполно.

Ако претходно сме имале 100 проценти витален капацитет, зависно од оштетувањата, тој капацитет е намален. Човек којшто не може да внесе доволно кислород, полесно се заморува, потешко дише, итн.

Исто така, кај голем број од пациентите имаше воспаление на срцевиот мускул. Оние коишто прележаа Ковид-19 имаа проблем со регулација на шеќерот – ако претходно било доволно 12, 16, или 18 единици да се регулираа шеќерот, сега се потребни многу повисоки дози.

Има студии коишто докажаа дека кај пациенти коишто прележаа Ковид-19, бројот на активни сперматозоди е намален петкратно. Ако претходно имале милион“, сега имаат 200 илјади, објасни Беќаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Беќаровски: Процентот на појава на тромбоза е ист и при примање на „Фајзер“ и на „АстраЗенека“

Доктор Беќаровски: “Синофарм“ е идеална вакцина за тие што прележале Ковид-19, ама има две маани

Доктор Беќаровски објаснува како Ковид-19 влијае на сперматозоидите во спермата

Фото: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следува период на променливо време, со локални дождови и пониски температури

Редакција

Список на лиценцирани психолози за психолошка поддршка на лица во карантин и изолација

Редакција

Интензивирање на ТВ-наставата за да се опфатат сите предмети во основно

Редакција