Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил објаснува како Ковид-19 влијае на сперматозоидите во спермата.
„516% е помала концентрацијата на сперматозоиди во спермата, за 209% е намалена нивната подвижност, а за 400% е намален бројот на здрави сперматозоиди кај заболените од Ковид-19 во однос на здравата машка популација, утврди една од десетиците студии за влијанието на машката плодност и Ковид-19.
За среќа најголем дел од овие промени се реверзибилни, ама не и сите. Влијанието е пропорционално со тежината на болеста.
Ние во Македонија не се плашиме од стерилитетот поврзан со Ковид-19, туку од со НИТУ ЕДНА научна студија непотврдениот можен поствакцинален стерилитет“, пишува тој на Фејсбук, пренесувајќи студија за оваа тематика.