еМагазин
Image default
Македонија

Македонија денеска ќе испрати одговор до судот во Стразбур за помилувањата од екс претседателот Иванов

Одговор на повеќе од 60 страници и доказен материјал од илјадници страници ќе биде испратен во текот на денот до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали и каков одговор испратила државата до судот во Стразбур во врска со помилувањата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот во Стразбур допрва ќе одлучува: Ќе стане ли аболицијата на Иванов сламка за спас на Груевски, Мијалков, Јанакиески…

Владата нема да се спогодува со обвинетите од СЈО пред судот во Стразбур, ќе бара докажување на случаите

По поднесување на одговорот, посочи Маричиќ, судот предвидува тој да биде испратен на противничката страна да се произнесе по него, по што ние ќе имаме можност за повторно да се произнесеме, пред судот да постапува по него.

– Во овој момент не би кажал ништо повеќе. Навистина интензивно се работеше на подготовка на овој одговор со сериозен стручен правен тим со експерти од дома и странство, кои мислам дека го извлекоа максимумот и можам да кажам дека со мирна совест го проследуваме одговорот денеска, изјави Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните со попреченост над 65 години може да бараат исплата на надоместок, одлучи Уставен

Редакција

Романската православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

Редакција

(Видео) Спасовски: Македонската полиција на висина на задачата и пред гробот на Делчев и на граничните премини

Редакција