еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата нема да се спогодува со обвинетите од СЈО пред судот во Стразбур, ќе бара докажување на случаите

Владата нема да ја искористи можноста за спогодување со подносителите на тужбите против државата во врска со деветте предмети кои се однесуваат на тековните кривични постапки за незаконското прислушување. Граѓаните имаат право да ја дознаат вистината, а оние што евентуално сториле криминал или ги прекршиле законите, треба да одговарат за своите дела. Не сакаме и нема да прејудицираме дали е некој виновен или не, но ќе сториме се тоа да се докаже низ правна постапка, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Маричиќ на прес-конференција соопшти дека Владата го задолжила владиниот агент, до 18 декември, односно во предвидениот рок, да го извести Европскиот суд за човекови права во Стразбур за ваквата одлука.

-Помилувањата на поранешниот претседател Иванов беа спротивни на домашното право и како такви беа извор на правна несигурност, како и директен повод за големо незадоволство кај граѓаните.

Нивното поништување, пак, беше повторно воспостваување на нарушената правна рамнотежа. Владата е должна ваквиот став да го брани пред Судот во Стразбур, подвлече Маричиќ.

Пораката е, додаде, дека оваа Влада не е подготвена да прогласи врв на неказнивост.

-Ние немаме друга алетрнатива освен да останеме конзистентни на политиките и заложбите за неселективна правда што не ја загорузва пресумпцијата на невиност на обвинетите, истакна министерот.

Според него, не треба да се прашува што ако државата го изгуби спорот во Стразбур, туку колку државата ќе изгуби ако не влезе во овој спор.

– Во изминатиот период правевме сериозни анализи и консултации со домашни и странски експерти и врз основа на тоа одлучивме дека иаме добри шанси да влеземе во овој спор и да ги браниме нашите позиции, рече Маричиќ.

Тој е дециден дека проектот „Вистината за Македонија“ инцираше силни оптшествени, политички и правни проемни во државата.

-Државата е обврзана на граѓаните да им обезбеди правда. Процесуирањето на кривичните постапки кои произлегоа од незаконското следење на комуникациите, вклучиетлно и оние пто се предмет на аплиакциите поднесени до Судот во Стразбур, станаа и еден од критериумите според кои се вреднува напредокот на нашата држава во процесот кон ЕУ, напомена министерот.

На 25 септември 2020 Судот во Стразбур на одговор до Владата достави две групи со вкупно девет апликации поднесени против државата.

Обвинети во случаите кои произлегоа од незаконското прислушување, односно од случаите на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), поднесоа тужби пред Судот во Стразбур, повикувајќи се на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов од 2016 година.

Владата има рок да се произнесе до 18 декември 2020. До истиот рок треба да се произнесат и апликантите кои ја тужат државата. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поништувањето на аболицијата е уставно, Стразбур може да ги отфрли тужбите на обвинетите од СЈО

Судот во Стразбур допрва ќе одлучува: Ќе стане ли аболицијата на Иванов сламка за спас на Груевски, Мијалков, Јанакиески…

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мерко јавно охрабрува колење на кучиња, од „Анима мунди„ му порачаа дека ова не е племенски сојуз, туку држава

Редакција

Конгресот ги потврди гласовите, Џо Бајден е нов претседател на САД

Редакција

Го знаете овој човек? Министер е и не се „бави“ со нас, ама го плаќаме со 72.621 денари секој месец

Редакција