еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Имав намера да свикам лидерска, но по објавата на Мицковски, не гледам повеќе причина за тоа

Премиерот Зоран Заев не гледа причина да свика лидерска средба по денешната објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата, Заев рече дека имал намера да свика лидерска средба на која би информирал за ситуацијата со Бугарија, но по објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицковски дека на средбата ќе се разговара за техничка влада, за неспособноста на здравствениот систем и за неуспехот со Бугарија, не гледа причина за свикување на ваква средба.

– За што да свикам лидерска средба? Јас не се согласувам воопшто со ова затоа што Владата покажа пример на пријателство и продолжува да гради пријателство. Покажа дека ги има своите црвени линии и никогаш не помислува да погази било какви интереси.

За жал не ја добиеме првата меѓувладина конференција, која верувам дека ќе ја добиеме час поскоро затоа што целосно ја заслужуваме. 26 земји членки се комплетно позади нашите позиции. Успешно се справувавме и со здравствената криза, еднакво и многу подобро од многу други земји, рече Заев, додавајќи дека ќе бара други алатки за информирање.

Коментирајќи го ставот на опозицијата дека нема да присуствува на лидерска средба свикана од претседателот на државата, Заев со став дека таквиот однос е несоодветен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев најави лидерска средба, Мицкоски нема да учествувал ако поканата дојде од Пендаровски

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Kривична пријава против скопјанка која се борела во редовите на Исламската држава во Сирија

Редакција

(ВИДЕО) Курц: Гласајте „за“ договорот и „за“ европска перспектива на Македонија

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собранието

Редакција