еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Спасовски: Македонската полиција на висина на задачата и пред гробот на Делчев и на граничните премини

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Фејсбук им одаде признание на македонските полицајци за вчерашната безбедносна организација на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев во Скопје и на граничните премини со Бугарија.

-Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.

Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев.

И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео од инцидентот на Бугарите со полицајците на Деве Баир

(Видео) Бугарски пратеник се обиде да исценира инцидент на Деве Баир

(Видео) Пцуење на македонските полицајци и навреди за Македонија и Македонците: Бугарите стигнаа на Деве Баир

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кремљ оцени дека преговорите со Киев се недоволно „суштински“, Зеленски е подготвен на компромис

Редакција

Квалификации за Еуро 2024: Рекорден пораз на Македонија од Англија

Редакција

Заев-Радев: Посетата е значаен исчекор во дијалогот помеѓу двете држави

Редакција