еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Квалификации за Еуро 2024: Рекорден пораз на Македонија од Англија

Рекорден пораз во својата историја претрпе синоќа македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Манчестер од англиската селекција. Дуелот од квалификациите за Еуро 2024 на „Олд Трафорд“ заврши со 7:0 за домаќините.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски беа немоќни на секој дел од теренот. Англичаните „голеадата“ ја почнаа во 29.минута кога резултатот го отвори Хари Кејн. До крајот на првото полувреме во листата на стрелците се запишаа Букајо Сака и Маркус Рашфорд.

За само шест минути во вториот дел, Сака погоди уште два пати и оформи хет-трик. Филипс во 64. и Кејн со својот втор погодок во 73.минута од пенал зголемија на 7:0

Англија е прва на табелата со максимални 12 бода од четири средби. Украина е втора со шест бода од три натпревари. Италија е трета со три бода од две средби.

По двата јунски пораза, македонската репрезентација падна на четвртата позиција со три бода од три натпревари. Последна е Малта без освоен бод по четири кола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Квалификации за ЕУРО 24: Македонската фудбалска репрезентација водеше, па загуби од Украина

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актерот Алек Болдвин ќе биде обвинет за ненамерно убиство на сетот за филмот “Rust“

Редакција

Пациентите со цистична фиброза ќе бидат вклучени во работната група за лекот Трикафта, велат од Министерството за здравство

Редакција

Двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во изолација, но во четврток ќе дојдат во Собранието за гласањето за доверба на Владата

Редакција