еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Евротим“ од Кичево доби забрана за продажба на мазутот поради отстапки во квалитетот

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ги доби резултатите од земените дополнителни мостри од скалдот за мазут во Ресен во сопственост на компанијата „Евротим ГДС ДООЕЛ Кичево“, информираат од кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски.

„Според анализите, констатирано е дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430.

Поради констатираните отстапувања на квалитетот на производот, од страна на ДПИ е донесено решение за забрана за промет на производот мазут, кој е затекнат во складот на економскиот оператор „Евротим ДООЕЛ Кичево“.

ДПИ уште при првичните контроли на компанијата „Евротим ДООЕЛ Кичево“ и изрече Решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут, затоа што тогаш кај две цистерни на компанијата, беа утврдени отстапки од граничните вредности на мазутот, што оваа компанија го увезува.

Односно, параметрите за квалитет на мазут не одговараа согласно Правилникот за квалитет на течни горива. По задолжение од ДПИ, тогаш двете цистерни од кои се земаа мострите, беа вратени кај добавувачот, по што следуваа последните дополнителните анализи,“ се вели во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мариово и Трескавец во петте европски финалисти за Наградата за најдобра филмска локација

Редакција

Aпелација ја одби жалбата, Јанева останува во куќен притвор

Редакција

Македонија2025 доделува стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД

Редакција