Главниот координативен Ковид-19 кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни 2021 година и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница.
Комисијата предложи укинување на ограничувањето на движењето, сите настани кои ќе се организираат на отворено, може да се организираат со капацитет до 1.000 лица и искористување на просторот до 50%, се отстранува лимитот од 100 присутни лица на свадбите.
За препораките Владата ќе дискутира и одлучи на следната владина седница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.