еМагазин
Image default
Македонија

Утре во Скопје пристигнуваат 20.000 дози вакцини “АстраЗенека“ од Грција

Вакцините кои Грција ги најави за Северна Македонија, утре наутро се очекува да пристигнат во Скопје, дознава дописничката на МИА од Атина.

Информацијата на МИА од Атина ја потврдуваат и од Скопје, а како што и најавија пред две седмици и министерот Венко Филипче и портпаролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони, од јужниот сосед ќе стигнат 20.000 дози од “АстраЗенека“.

На почетокот на месецов, Пелони одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на редовниот брифинг со новинарите, потврди дека Грција, во координација со Европската комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Северна Македонија и Албанија, откако претходно, министерот за здравство Венко Филипче откри дека Северна Македонија очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција.

Од Атина, денеска за Албанија беа испратени 20.000 вакцини “АстраЗенека“, а утре наутро ќе пристигнат и во Скопје. 

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амнестиите се завршена работа, тврди Заев

Редакција

Филипче: Тешко е во овој момент да се каже дали ќе има одложување на изборите

Редакција

Се подготвува застареност и на предметот за уривањето на „Космос“, вели Цаноски за „ТНТ“

Редакција