еМагазин
Image default
Бизнис

Поскапуваат бензините

За половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а за еден денар на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според тоа, Еуросупер БС-95 во следните седум дена ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар, а дизелот за 61,5 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 61 денари.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,348 денари за килограм и сега тој ќе се продава по цена од 35,237 денари за литар.

Со оваа најнова одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 проценти во однос на минатонеделните цени.

Регулаторната комисија за енергетика секоја недела врши корекција на цената на нафтените деривати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Листа на маркeти што ќе вршат достава до граѓаните во Куманово

Редакција

Скопски „Бетон“ го продава истоимениот хотел во Дојран

Редакција

Актуелните услови за влез во Грција продолжени до 27 август

Редакција