Министерот за здравство Венко Филипче вчера беше на роденден кај Лара, ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи.
“Среќен роденден Лара. Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи.
Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство“, напиша Филипче на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/Филипче
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.