еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Германија ги отвора границите за целосно вакцинирани од 25 јуни, важи и за Македонците

Германската влада од следниот петок ги укинува строгите ограничувања за влез на патници од трети земји надвор од ЕУ, а отворањето ќе важи и за државјаните на Македонија, пренесува Дојче Веле.

Германското министерство за внатрешни работи информираше дека од петок 25 јуни во Германија ќе бидат дозволени посети и туристички патувања за вакцинирани лица од земји надвор од ЕУ.

Олеснувањето на мерките најпрво ќе важи само за целосно вакцинирани лица со вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) а тоа се „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“.

Руската вакцина „Спутник V“ и двете кинески „Синофарм“ и „Синовак“ засега немаат зелено светло од европската агенција.

„Проширувањето на листата со други вакцини со слични стандарди за заштита ќе биде можна кога ќе бидат извршени потребните тестови“, соопшти германското МВР.

Како целосно вакцинирани лица се сметаат оние кај кои минале 14 дена од примањето на втората доза на вакцината. За да се спречат измами со вакциналните сертификати, нивната точност ќе ја проверуваат авионските компании и полицијата.

Исклучок од зелената листа ќе бидат патници од територии со вирусни варијанти. Тоа, според Институтот Роберт Кох, се држави како Индија, Велика Британија или Бразил, каде се појавија нови варијанти на коронавирусот.

Фото: Photo by Claudio Schwarz | @purzlbaum on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Карпош со најголем број: Како изгледа мапата на заболени со коронавирсуот по скопските општини

Редакција

Стартуваа подготвителните активности за изградба на коридорите 8 и 10д

Редакција

(Видео+фото) Охрид побеле од град: Силно невреме ги поплави улиците и предизвика штета

Редакција