еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Почна министерскиот Совет на ЕУ на кој се одлучува за преговорите со Македонија

Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ пристигнаа во Луксембург утрово за Советот за општи работи на кој сите очекуваат одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Повеќе министри упатија поддршка за Северна Македонија и Албанија пред почетокот на состанокот и побараа да не се блокираат овие две земји со оглед на постигнатиот реформски напредок кој треба да биде награден.

Бугарија меѓутоа за сега не дава знаци дека ќе попушти и покрај португалскиот дипломатски обид за медијација, а повеќето земји членки не се подготвени да ги одвојат Скопје и Тирана во овој дел од процесот.

Словачкиот државен секретар во Министерството за надворешни работи и европски прашања, Мартин Клус, изјави дека за Словачка процесот на проширување е многу важен и посочи дека денеска ќе се бара начин да се деблокира патот кон ЕУ за Северна Македонија и Албанија.

-Со нетрпение очекувам позитивен одговор затоа што во прашање е кредибилитетот на ЕУ во регионот, кој е многу важен за Словачка, рече Клус.

Германскиот државен секретар Михаил Рот ја повтори германската позиција дека билатералните прашања не смеат да го попречуваат процесот на проширување, додека Литванија оцени дека политика на проширување и напорите на земјите кандидати не смеат да бидат компромитирани.

Охрабрувачки пораки пристигнаа и од Ирска, чиј министер нагласи дека очекува исчекор денеска во политиката на проширување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шансите ни се мали: Денеска клучен министерски совет на ЕУ за преговорите со Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема „скратени патеки“ за членство, принципот на заслуги останува главен услов, порача Фон дер Лајен

Редакција

ЕУ денеска ќе дискутира за проширувањето, но не и за францускиот предлог

Редакција

Украина и Молдавија да почнат пристапни преговори со ЕУ, предложи Европската комисија

Редакција