еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Роман од Венко Андоновски во Загреб, претстава во Бања Лука

Неодамна, во издание на ТИМ-прес од Загреб, се појави романот „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, во превод на македонистот Борислав Павловски.

Ова е трет роман на Андоновски во Хрватска, по „Вештица“ и „Папокот на светот“, кои го свртеа вниманието на читателите и критиката.

Андоновски е и познат македонски кроатист кој често пишува критички осврти и поговори за хрватските писатели. Затоа, „Вечерњи лист“ објави големо интервју со Андоновски, не само за романот, туку и за политичката ситуација на Балканот.

Во исто време, во Српското народно позориште во Бања Лука, Дејан Пројковски ја поставува претставата „Генетика на Глембаеви“, работена според текстот на Андоновски, а играна кај нас под наслов „Генетика на кучињата“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Макпетрол“ го поддржа новиот детски парк во Општина Илинден со хортикултурно уредување

Редакција

Над 30 говорници и панелисти на Балкански претприемачки самит во Скопје

Редакција

Искористи ја промотивната понуда од МТЕЛ, избери нов смарт телефон и добиј 50 отсто попуст на претплатата во првите 5 месеци

Редакција