еМагазин
Image default
Бизнис

Превозниците ќе може да возат патници со максимална исполнетост на капацитетот

Владата на последната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100 проценти на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

Како што соопшти владината прес-служба, превозниците се обврзани одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници.

-Донесена е и одлука да се дозволи влез на придружниците на патниците на меѓународните летови во двете аеродромски згради на ТАВ согласно одредбите за лична заштита опфатени со протоколите за управување со меѓународните аеродроми во нашата земја, информира Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Членот на УО на Џевахир Холдинг, Есер Џевахир избран за почесен конзул на Македонија во Турција

Редакција

Во април намален бројот на одобренија за градба

Редакција

Фактури од 11 увозници на земјоделски производи на дополнителна царинска проверка во Грција, Србија, Турција и Албанија

Редакција