еМагазин
Македонија

45% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 462.211 граѓани, информира Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 295.780 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 6.418 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 8.792 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 510.351 дози вакцини, а ревакцинирани се 214.571 граѓани.

Со последните бројки 51% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од пожарот во ковид-центарот во Тетово спасени 12 пациенти, нема настрадани здравствени лица

Редакција

Тлото не се смирува: Серија земјотреси со епицентар во Корча, почувствувани во Охрид, Струга и Ресен

Редакција

7.011 здравствени работници, 8.330 лица над 77 години и 12.093 граѓани од критичната популација вакцинирани со прва доза

Редакција