еМагазин
Image default
Македонија

Нова пратка на вакцини на „АстраЗенека“ пристигнува утре, а на „Спутник“ наредната недела

Имаме најава дека во петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „АстраЗенека“, донација од Хрватска. Во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини од Русија на „Спутник“.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој потенцира дека вакцините се безбедни и дека не постои шанса да се пушти во промет лек доколку за тоа нема одобрение од Агенцијата за лекови.

– Вчера се покрена едно прашање околу документацијата, дозволите, итн. Сакам да објаснам дека граѓаните треба да бидат спокојни и не постои шанса да се пушти кој било лек во промет, вклучувајќи и вакцина, доколку за тоа одобрение не даде Агенцијата за лекови.

Ние аплицираме со соодветната документација која што е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови, така што станува збор за административен процес, изјави Филипче.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 681 пациенти од Ковид-19

Редакција

И Вангелов, член на македонскиот дел од мешовитата Комисија со Бугарија се огради и ги осуди изјавите на Заев

Редакција

Нови 94 случаи на заболени од корона вирус од 830 тестирања, половината од нив во Скопје

Редакција