еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во сообраќајка на Халкидики загина 22-годишен македонски државјанин

Во сообраќајна несреќа на локалниот пат Муданиа – Палиоури на првиот крак на Халкидики, загина 22-годишен државјанин на Северна Македонија, откако, од засега непознати причини, се превртел автомобилот, со македонски регистарски таблици, а неговиот сопатник е повреден, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека околу 6.20 часот во неделата на локалниот пат меѓу Муданиа и Палиоури на Халкидики се превртел автомобилот со кој управувал 22-годишен странски државјанин и загинал возачот, а неговиот 21-годишен сопатник, исто така странски државјанин е повреден.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за државјани на Северна Македонија, а автомобилот бил со македонски регистарски таблици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопатникот на момчето од Македонија кое загина во сообраќајката на Халкидики, пуштен од болница

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела најголем раст на заболени со Ковид-19 има кај децата до 9 години

Редакција

Во кои пет сектори се највисоките нето-плати во август

Редакција

Убава вест: Оздравени 182 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Редакција