еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од понеделник почнува и вакцинација на деца од 12 до 16 години

Започнувајќи од понеделник, 12 јули, вакцинацијата во државата ќе се одвива без закажување на термини.

Започнува и теренската вакцинација којашто ќе се врши преку здравствените домови, а во денешната изјава за медиуми, министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе се одобри вакцинација и за децата.

Според препораките, децата од 12 до 16 години ќе се вакцинираат исклучиво со вакцината „Фајзер“, чие упатство од производителот го дозволува тоа.

„Од понеделник ќе се дозволи вакцинирање за деца од 12 до 16 години со вакцината „Фајзер“ којашто во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца за оваа возраст“, кажа министерот Филипче.

Вакцинирањето на што поголем број на граѓани ќе овозможи заштита од ширење на епидемијата. Спуштањето на рамката на години за лицата кои се вакцинираат, ќе ја намали веројатноста да и младите го шират вирусот, посочи тој.

Со вакцинација се овозможува заштита и од преносливост на новите соеви и заштита од тешка форма на болеста или смртен исход.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Даниловски предлага ПЦР-тест за влез во Македонија и вакцинирање на децата за да се намали ризикот од ширење на индискиот сој

Доктор Пановски: Јас лично не би ги вакцинирал децата против Ковид-19

Децата и тинејџерите засега да не се вакцинираат против Ковид-19, препорачува СЗО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) 200 илјади знамиња, наместо луѓе за инагурацијата на Бајден

Редакција

Лидл имале проблеми со претходната влада, тврди Мицкоски

Редакција

Магдалена Несторовска именувана за државна секретарка во МВР

Редакција