еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Даниловски предлага ПЦР-тест за влез во Македонија и вакцинирање на децата за да се намали ризикот од ширење на индискиот сој

Докторот и емидемиолог Драган Даниловски за Канал 5 вели дека прашање на време е кога индискиот сој (Делта) на Ковид-19 ќе дојде и во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини

Според него тоа веројатно нема да биде пред есен, затоа што дури тогаш ќе почнат дружбите на затворено, но не верува дека ќе случи некој силен бран.

За да се намали ризикот од ширењето на Делта сојот, Даниловски предлага кон крајот на летото да се воведат рестрикции на границите, како задолжителен ПЦР-тест за влез во земјава.

„Добро би било да се воведат бариери на границите, да речеме ПЦР-тестови за сите што влегуваат преку граница во земјава особено кон крајот на летото, кога ќе почнат да се враќаат од одмори.

Втора линија на одбрана би требало да биде ригорозна епидемиолошка обработка за секој нов случај… Мислам дека со малку среќа и ако го интензивираме темпото на вакцинација и ако се зголеми интересот, веројатно имаме шанса да дојдеме до колективен имунитет од 80-85 отсто, затоа што тој е прагот на колективен имунитет при кој што епидемиско ширење кај овој тип на вирус би било невозможно“, вели Даниловски.

Тој посочи дека мутациите на вирусот се јавуваат претежно таму каде вакцинацијата се одвиваше со слабо темпо и затоа вели дека треба да се вакцинираат и децата.

„Мутациите на вирусот се јавуваат таму каде што вакцинацијата одеше млако, практично тој така функционира.

За да се минимизира овој феномен, да се намали ризикот да се создадат мутации, идеално би било тој простор на вирусот да му се стесни и затоа тука лежи оправданоста за вакцинирање и на децата. Се разбира примарно мора да се заврши вакцинацијата на возрасните“, рече Даниловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Драган Данаиловски: 95% од заразените со индискиот сој во Британија и Израел се невакцинирани или вакцинирани со една доза

Професор Трајковски објаснува колку секоја вакцина е ефикасна против индискиот сој

Доктор Мехмедовиќ ги објаснува симптомите: Индискиот сој би можел да стане реалност кај нас во септември

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

еМагазин се приклучува на иницијативата Драмски театар да го носи името на Горан Стефановски

Редакција

Утре попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

Како гувернерката Ангеловска-Бежоска го пробиваше својот пат до успешна жена

Редакција