еМагазин
Image default
Македонија

На Табановце за влез во државава се чека и до еден час, на Богородица и Блаце за излез до половина час

На граничниот премин Табановце, за влез во државата се чека околу 45 до 60 минути, а на премините Богородица и Блаце, за излез од државата се чека околу 20 – 30 минути. На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 238 случаи на Ковид-19 во Македонија се импортирани

Редакција

Убава вест: Оздравени 376 болни од Ковид-19

Редакција

Дежурен лекар на Токсикологија завршил на Ургентен: Нападнат од татко на пациент, завршил со хематоми и расекотини

Редакција