Министерот за здравство Венко Филипче најави дека децата над 12 години ќе се вакцинираат со „Фајзер“ од петок понатаму.
Потребно е родителите/старатели од денеска до четврток да се пријават на веб-страницата vakcinacija.mk.
Тој денеска изјави дека откако ќе се види заинтересираноста со регистрирањето на сајтот, ќе се закажуваат термини за вакцина по распоред, бидејќи една вијала содржи шест дози.
– Затоа што вакцината на „Фајзер“ еднаш кога ќе се отвори, мора да се вакцинираат шест лица, бидејќи во вијалата има шест дози и ако се јави едно или две деца, голем е ризикот одреден број вијали да се фрлат, а тоа не сакаме да се случи.
Родителите ќе може до четврток да ги регистрираат децата и од петок ќе почне апликацијата на вакцините, рече Филипче по посетата на Поликлиниката во Шуто Оризари каде што е отворен нов пункт за вакцинација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вакцинацијата на децата против Ковид-19 нема да биде задолжителна
Доктор Пановски не препорачува вакцинирање на деца: Грипот за нив е поопасен од Ковид-19
Периодот на ревакцина со „АстраЗенека“ од 12 се крати на шест недели, најави Филипче
МИА/Фото: МЗ